Име на болест: Чадлива краставост - Venturia inaegualis
Култура: ЈАБОЛКА
Опис: Причинител Venturia inaqualis. Краставоста е најопасна болест на јаболкото. Причинува големи штети бидеќи влијае на количината и квалитетот на плодот. Болеста се појавува во одредени климатски услови, а степенот на штети е различен. Ако заразите се чести и јаки може да настапи и дефолијација и да го ослаби растението. Краставоста може да ги зарази листот, цветот, плодот но и зелените леторасти. На почетокот на листот се појавуваат рѓави црно округли дамки со нејасни рабови, а подоцна ткивото под дамките одумира. При јака зараза се појавуваат голем број дамки на листовите кои лесно се забележуваат. Листот закржлавува не може да асимилира и опаѓа. Факт е дека последните шест листа се најподлежни на инфекција. На плодот се појавуваат слични дамки кои во последниот стадиум формираат плута и се распукуваат. Почетниот период на најјаки зарази трае приближно два месеца до првата декада на јуни. Од перитеците кои се формираат на отпаднатите листови во текот на зимата напролет излегуваат аскоспори кои ветерот ги разнесува. Ртењето на спорите започнува кога ќе паднат на влажна површина на листот. Хифата продира под самата површина на кутикулата и формира строма од која се формираат конидиофори. Конидиофорите создаваат конидии кои ги причинуваат секундарните инфекции. Од инфекцијата до видливи знаци на болеста поминуваат 9 - 17 дена, зависно од температурата, влажноста и времетраењето на влажнењето.



повеќе слики >>

Препарати

FALCON ® EC 460

SHAVIT F 72 WDG

CHAMP FORMULA 2FL

FUNGURAN-OH 50 WP

CAPTAN PINUS 50 WP

MERPAN 50 WP

MERPAN 80 WDG

ORTHOCID 80 WDG

VENTURIN

ACROBAT MZ WG

BAKAREN DITHANE

DITHANE NEOTEC

DITHANE NEOTECH

ELECTIS 75 WG

FANTIC M WG

GALBEN M

GALBEN M

GOLDFIX 80 WP

MANFIL 75 WG

MANFIL 80 WP

MANKOGAL 80

MANKOZEB 80 WP

MANKOZEB R

MANKOZEB R GOLD

MICEXANIL

PENNCOZEB WG

PRIMAT 80 WP

PROFILUX

RIDOMIL MZ 72-WP

RIDOSAN 72 WP

CABRIO TOP

ENERVIN

POLIRAM DF

POSTALON 90 SC

SABITHANE

SYSTHANE 12E

ANTRACOL COMBI

ANTRACOL CU

ANTRACOL WG 70

ZUPINEB S-70

AZIMUT TRIPLE

CIMOFOL

FOLPAN 50 WP

FOLPAN 80 WDG

FORUM STAR

GALBEN F

MELODY COMBY 65.3 WG

MIKAL FLASH

MIKAL PREMIUM F

RIDOMIL GOLD COMBI 45 WG

SHAVIT F 72 WDG

SOLOFOL

VINCARE WG

CHORUS 75 WG

SWICH 62,5 WG