Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Folpet; Iprovalicarb; Име на препарат: MELODY COMBY 65.3 WG |
Употреба: MELODY COMBY 65.3 WG e фолијарен локално-системичен и контактен фунгицид кој во својот состав има две активни материи: ипроваликарб (90 g/kg) и фолпет (563 g/kg). Поседува превентивно и куративно дејство а наменет е за сузбивање главно на фитопатогени габи од класата Oomycetes. Покажува ефикасност кон сузбивање на пламеници од родот Phytophotora spp., чадлива краставост (Venturia inaequalis); Најчесто се користи за сузбивање на болести кај виновата лоза како пламеница (Plasmopara viticola), ескориоза (Phomopsis viticola), црвено прегорување на листовите (Pseudopeziza tracheiphila) и бело гниење на грозјето (Coniella diplodiella) а поседува и секундарна ефикасност против сивото гниење (Botrytis cinerea) и црно гниење на грозјето (Guignardia bidwellii). Исто така забележано е дека ја намалува појавата на пепелница кај виновата лоза (Uncinula necator). Превентивното третирање треба да започне во периодот од појавата на првите ливчиња па се до големина на зрната во вид на грашок (15 - 75 BBCH) во интервал од 10 -14 дена. Терапевтското третирање не треба да биде после 72 часа од настанокот на инфекцијата во интервал од 10 -12 дена. Доколку се третира во фенофаза BBCH 16 - BBCH 61 се употребува количество од 9 - 12 g препарат за 10 L вода на 100 m2 (може да се употреби и нешто пониска доза во услови на низок заразен потенцијал или доколку се врши превентивно тртетирање). Доколку се третира од BBCH 61 до BBCH 71 препорачаната доза е 12 - 18 g на 10 L вода за 100 m2 (може да се употреби и пониска доза во услови на низок заразен потенцијал или доколку се врши превентивно третирање). При третирање од BBCH 71 до BBCH 81 препорачаната доза е 18 g на 10 L вода за 100 m2. Предупредување: Препаратот може да покаже несакан ефект кон црните сорти на винова лоза. Каренца: 35 дена за винова лоза |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: BAYER - Crop Science AG - Германија / веб страница |