Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Myclobutanil; Quinoxyfen; Име на препарат: POSTALON 90 SC |
Употреба: Postalon 90 SC е системичен фунгицид во чиј состав влегуваат две активни материи: Myclobutanil 45 g/L и Quinoxyfen 45 g/L. Миклобутанил припаѓа на групата триазоли и поседува протективно, куративно и еридикативно дејство и има способност да ја инхибира синтезата на ергостерол со што го спречува развојот на габите. Микобутанил е дозволен е за употреба во интеграланата заштита. Активната материја Квиноксифен припаѓа на групата квинолини. Тоа е фунгицид со протективни својства кој го ихибира растот и митохондријалниот електронски транспорт како и биосинтезата на пиримидинот. Квиноксифен е дозволен е за употреба во интеграланата заштита. Наменет е за сузбивање на пеплница (Uncinula necator) кај виновата лоза. Не е фитотоксичен доколку се употребува според упатствата. Не смее да се меша со базни препарати. Двојното дејство на препаратот го прави особено ефикасен кон сите видови на пепелници. Откако еднаш ќе биде аплициран на растенијата, се шири и дејствува со своите пареи, што значи дека има способност да допре и до најсокриените места на ратението. Кај виновата лоза се употребува во доза од 0,8 - 1,25 L/ha од фазата пред цветање (BBCH 55) до фаза на прошарок (BBCH 81) во период од 12 - 18 дена. Може да употреби и за заштита на овошни култури, јагоди, дињи и др. Предупредување: При работа со вој препарат работниците треба да се придржуваат кон мерките за заштита (носење на гас маска и заштитна облека) бидејќи препаратот по апликацијата преминува во гасна фаза. Дозволено е да се употреби до 4 пати во текот на годината. Каренца: каренцата за виновата лоза изнесува 35 дена. |
Добавувач: ДОО "ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ" - Велес Производител: Dow Agrosciences V.m.b.H. / веб страница |