Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Folpet; Име на препарат: SOLOFOL |
Употреба: Фунгицидот SOLOFOL во својот состав содржи 80% активна материја фолпет. Наменет е за сузбивање на болести кај виновата лоза (пламеница - Plasmopara viticola и црна пегавост - Phomopsis viticola) а може да се користи и за третирање на семе. За заштита на винските сорти винова лоза од пламеница се користи во концентрација од 1,88 kg/ha со потрошувачка на вода од 400 - 1000 L/ha. Се употребува од појавата на услови за развој на болеста до фенофаза на прошарување (BBCH 83) a кај трпезните сорти до крај на цветање (BBCH 69). За сузбивање на црна пегавост се користи во иста концентрација (1,88 kg/ha со потрошувачка на вода од 400 - 1000 L/ha). Првата употреба треба да биде во фенофаза на отворање на лисните пупки (BBCH 7) а втората примена во фаза на појава на 2 -3 листа (BBCH 12 - 13). Предупредување: Кај винските сорти дозволени се до пет третирања a кај трпезните сорти доволени се најмногу четири третирања во текот на вегетацијата во размак од најмалку 10 дена . Може да се употребува со прскање или распрскување со грбни или тракторски прскалки или со атомизери. Каренца: 28 дена |
Добавувач: ДОО "ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ" - Велес Производител: SAPEC AGRO S.A / веб страница |