Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Mancozeb; Име на препарат: DITHANE NEOTECH |
Употреба: DITHANE NeoTec e превентивен фунгицид кој се употребува за сузбивање на болести кај виновата лоза, овошките, доматот, компирот, тутунот и пченицата. Содржи активна материја манкозеб 75%. Кај виновата лоза се користи за сузбивање на пламеницата (Plasmopara viticola) и црната пегавост (Phomopsis viticola) во концентрација од 0,2-0,25% (20-25 g во 10 l вода). Кај овошните видови се користи за сузбивање на краставост на плодовите кај јаболката и крушата (Venturia inaequalis, Venturia pyrina) во концентрација од 0,2-0,25% (20-25 g во 10 l вода), за сузбивање на кадравост на листовите кај вишната и црешата (Blumeriella jaapii) и пламеница на сливата (Polystigma rubrum) се користи во концентрација од 0,2 -0,25% (20 - 25 g во 10 l вода). Потрошувачката на вода кај виновата лоза и овошките треба да биде 1000 l вода на хектар. Доколку ја намалуваме потрошувачката на вода, треба да ја зголемиме концентрацијата на препаратот со цел да се нанесат препорачаните 2-2,5 kg препарат на хектар. Во текот на вегетацијата дозволени се намногу до три апликации. кај компирот и доматот се употребува за сузбивање на пламеница (Phytophthora infestans) и концентрична пегавост на листовите (Alternaria solani) во количество од 2-2,5 kg/ha (20-25 g во 10 l вода) а за сузбивање на пламеница на тутунот (Peronospora tabacina) во концентрација од 0,2-0,25%. Кај пченицата се користи за сузбивање на кафеава пегавост на листовите (Stagnospora nodorum) во доза од 3,5 kg/ha и рѓа (Puccinia spp.) во доза од 2 kg/ha со потрошувачка од 350 до 500 l вода/ha. Третирањето треба да се направо во фаза на доцно братење па се до почеток на класање (fenofaza 32 do 51). Предупредување: Кај меркаптилната пченица дозволена е само една апликација а кај семенската најмногу две апликации. Каренца: 14 дена за домат и компир; 21 ден за овошните култури, трезните сорти на винова лоза и тутун; 42 дњна за винските сорти на винова лоза. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: Dow Agrosciences V.m.b.H. / веб страница |