Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Cymoxanil; Mancozeb;
Име на препарат: PROFILUX

Употреба:

Фунгицидот PROFILUX е формулиран во вид на гранули растволиви во вода ( ознака WG) и содржи две активни материи: 68% Mankozeb и 4,5 % Cimoksanil. Активната материја манкозеб припаѓа на хемиските соединенија од групата дитиокарбамати со повеќе места на делување. Ефикасен е за сузбивање на фузикладиум, пламеница на виновата лоза и компирот, рѓа и септориоза на стрни жита. Активната материја цимоксанил поседува трансламинарна системичност и се употребува за контрола на пламеници. PROFILUX е фунгицид наменет за сузбивање на болести на виновата лоза (Пламнеица - Plasmopara viticola) и црвена палеж - Pseudopeziza tracheiphila) и компирот (пламеница -Phytopththora infenstans и црна дамкавост - Alternaria spp.). Се употребува во количество од 2,5 kg/ha (250 g/1000 m2). Препорачаната потрошувачка на вода изнесува 400 – 600 l/ha (40 – 60 l/1000 m2). Третирањето треба да се нарави пред остварување на заразата (превентивно) а најдоцна до појавата на првите симптоми. Кај виновата лоза се препорачува првата употреба да биде кога ластарите се не помали од 20 - 25 cm па се до крајот на затворање на гроздовите.


Предупредување:

Кај компирот се дозволени максимално четири третирања во текот на вегетацијата; Кај виновата лоза се дозволени максимално три третирања во размак од 10 дена


Каренца:

Компир 7 дена; Винова лоза 56 дена;



Добавувач: ДОО "ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ" - Велес
Производител: CEREXAGRI B.V, Холандија / веб страница