Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Benalaxyl M; Folpet;
Име на препарат: GALBEN F

Употреба:

GALBEN F претставува комбиниран системично - контактен фунгицид кој содржи две активни материи: беналаксил 8% и фолпет 50%. Активната материја беналаксил лесно навлегува во растението и ги штити и новоформираните листови. Наменет е за сузбивање на пламеница (Plasmopara viticola) кај винова лоза во концентрација од 0,2 - 0,25% (200 - 250 g на 100 L вода). Освен за заштита од пламеница може да се користи и за заштита на винова лоза од сиво гниење (Botritys cinerea) и црна пегавост (Phomopsis viticola). Се препорачува негова употреба после цветање во фаза на раст на зрната. Посебно се препорачува негова употреба после оштетување на гроздовите од инсекти, град и сл.


Предупредување:

Дозволена е употреба од 2 - 3 пати во текот на вегетацијата.


Каренца:

35 дена за винова лоза.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: FMC Corporation САД / веб страница