Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Mancozeb;
Име на препарат: MANKOZEB R GOLD

Употреба:

Се употребува за заштита на : винова лозата од пламеница (Plasmopara viticola), вишната и црешата од сипаница (Coccomyces hiemalis), јаболката и крушата од чадлива краставост (Venturia spp), тутунот од пламеница (Perenospora tabacina) во концентрација 0,2-0,25 % односно 20-25 g растворени во 10 литри вода. Препаратот MANKOZEB R GOLD ефикасен е и за заштит на компирот и доматот од пламеница (Phytophthora infenstans), црна дамкавост на лисјата (Alternaria solani, Alternaria alternata) кога треба да се употреби во доза од 2-2,5 kg/ha односно 20-25 g во 10 литри вода. Пченицата од леќеста дамкавост по листовите (Septoria spp) во доза од 3,5 kg/ha односно 35 g на 100 m2 и од рѓата (Puccinia spp.) во доза од 2 kg/hа односно 20 g во на 100 m2 со употреба на вода од 350 - 500 L/hа односно 3,5 - 5 L на 100 m2 со третирање во фаза на доцно вретенисување па до почетокот на класењето.


Предупредување:


Каренца:



Добавувач: ДПТУ „ФИТОФАРМАЦИЈА МА“ ДООЕЛ, Скопје - Скопје
Производител: Indofil Chemicals Company / веб страница