Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Metiram; Pyraclostrobin;
Име на препарат: CABRIO TOP

Употреба:

CABRIO TOP е фолијарен фунгицид со протективно дејство и можност за редистрибуција. Содржи две активни материи метирам (550 g/kg) и пираклостробин (50 g/kg). Одлично делува против причинителите на пламеница (Plasmopara viticola) и пепелница (Uncinula necator), на виновата лоза. За сузбивање на пламеница се препорачува негова употреба пред цветање (11-19 BBCH) па се до почеток на зреење на зрната (81-83 BBCH). Кај пепелницата се препорачува превентивна употреба а најкасно во време на појавата на првите симптоми. Се препорачуваат 2-3 третирања пред и за време на најгоемата можност од појава на болеста и тоа во концентрација од 0,15 до 0,20% односно 15 - 20 g препарат во 100 L вода. Се препорачува употреба со прскање и оросување со употреба на тракторски атомизери, грбни атомизери како и сите видови на грбни прскалки. Потрошувачката на вода треба да биде од 600 - 1000 L/ha (6 - 10 L на 100 m2). Интервалот на третирање треба да биде од 12 - 14 дена а во услови на силен напад и до 10 дена. Дозволени се 3 - 4 третирања во текот на годината на една иста површина.


Предупредување:

Не треба да се прска при ветер и при многу топло време. Не треба да се меша со инсектициди кои имаат изразито кисела реакција (препарати на база на диметоат), маслени претпарати како и препарати на база на малатион и хлорпирифос. Третирање од авион не е дозволено. Треба да се третира намалку 20 m оддалеченост од површински и подземни води.


Каренца:

35 дена за винова лоза.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: BASF / веб страница