Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Spiroxamine; Tebuconazole; Triadimenol;
Име на препарат: FALCON ® EC 460

Употреба:

Falcon EC 460 е системичен фунгицид со превентивно, куративно и еридикативно дејство наменет за сузбивање на пеплница, рѓа и пегавост. Содржи три активни материи: tebukonazol 167 g/L, triadimenol 43 g/L и spiroksamin 250 g/L. Активната материја спироксамин со помош на тебуконазол и триадименол ги штити растенијата превентивно, куративно и еридикативно. Механизмот на делување се засновува на инхибиција на синтезата на ергостерол. Десет минути по апликацијата апсорбирана е 1/3 од препаратот а за 3 часа се апсорбираат 100% со што е оневозможено испирање од дожд. Активните материи на препаратот Falcon EC-460 системично се распределуваат во третираното растение. Кај пченицата и јачменот се користи за сузбивање на причинителот на пепелница (Erysiphe graminis), рѓа (Puccinia spp.), сива пегавост на листот и класот кај пченицата (Septoria tritici) и мрежеста пегавост на јачменот (Pyrenophora teres). препорачаното количество изнесува 0,6 L/ha (6 ml нa 100 m2), од фазата на братење па се до почеток на цветање (61 BBCH), со потрошувачка на вода од 200 - 400 L/ha. максималниот број на третирања на една иста површина изнесува еднаш во текот на годината. Кај виновата лоза се користи за сузбивање на причинителот на пепелница (Uncinula necator). Препорачаното количество на препарат изнесува 0,3 - 0,4 L/ha (3 - 4 ml на 100 m2), во текот на фаната на интензивен пораст на растението (13/53-81 BBCH), со потрошувачка на вода од 600 - 1000 L/ha (6-10 L нa 100 m2). Максималниот број на третирања на една иста површина изнесува 4 пати во текот на една година.


Предупредување:

Употребата на препаратот Falcon EC-460 се препорачува на осетливи сорти од винова лоза во реони погодни за развој на пепелница. испитувањата покажале дека постои можност од појава на вкрстена резистентност доколку се користи со препарати на база на триазол или стробилурини.


Каренца:

21 ден за винова лоза; за пченица и јачмен каренцата е обезбедена со времето на примена на препаратот.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: BASF / веб страница