Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Captan;
Име на препарат: ORTHOCID 80 WDG

Употреба:

ORTHOCID 80 WDG e фунгицид со превентивно и куративно дејство. Се употребува за фолијарно третирање кај јаболчестите и коскестите овошни видови како и украсните цветни растенија. Кај градинарските растенија не е дозволено фолијарно третирање туку само дезинфекција на леите за производство на расад, за дезинфекција на семе, за потопување на расадот пред расадување, за залевање на растенијата во коренот и сл. Кај праската и сливата може да се користи до три пати во текот на годината, кај вишната до два пати а за друга намена бројот на третирања не е ограничен. Се употребува за сузбивање на пламеница (Plasmopara viticola) и црно гниење (Guignardia bidewellii) кај виновата лоза во концентрација од 0,2 - 0,3% односно 20 - 30 g на 10 L вода. Кај јаболката и крушата се корист за сузбивање на чадливата краставост на лисјата и плодовите (Venturia spp.) во концентрација од 0,2 - 0,3 % односно 20-30 g во 10 L вода. Кај коскестите овошја од сачменка (Stigmina carpophila) а кај сливата од пламеница (Polystigma rubrum) во концентрација од 0,2 - 0,3 % односно 20-30 g на 10 L вода.


Предупредување:

ORTHOCID 80 WDG обично не е фитотоксичен доколку се употребува според упатствата, но некои сорти на јаболка како што се делишес и вајнсеп како и крушата од сорта боскова може да бидат оштетни. Компатибилен е со повеќето пестициди но не и со алкалните материи и маслени формулации. При употреба потребно е да се спречи контаминација на водата така што треба да се користи најмалку 20 m подалеку од извори, бунари, езера и водотеци. Третирање со авион не е дозволено.


Каренца:

21 ден за овошните видови; 35 дена за грозјето.



Добавувач: ТДПТУ „АГРО ЈУНИКОМ“ ДООЕЛ увоз-извоз - Скопје / веб страница
Производител: Arysta LifeScience S.A.S, / веб страница