Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Cymoxanil; Folpet; Fosetyl Al; Име на препарат: AZIMUT TRIPLE |
Употреба: Фунгицидот AZIMUT TRIPLE во својот состав има три активни материи (Fosetyl Al 50%, Folpet 25% и Cymoxanil 4%). Се користи за сузбивање на пепелница и црна дамкавост (Alternaria spp.) кај компирот во доза од 2- 3 kg/ha. Кај винските сорти на винова лоза се користи за сузбивање на црното гниење (Guignardia bidwelli), екскориозата, ботритисот (Botrytis cinerea) и пепелницата (Uncinula necator) во доза од 0,3%. Третманите против екскориоза кај виновата лоза треба да се обават со појавата на првиот лист (стадиум Д). Третманите против пепелница и црно гниење треба да се обават кога ќе се појават услови за развој на болеста. Предупредување: Не треба да се меша со продукти на база на бакар, течни ѓубрива кои содржат минерализиран азот или сулфур или пак со силно базни продукти. Каренца: За компир 21 ден, за винова лоза 28 дена. |
Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница Производител: CHEMINOVA AGRO S.A. / веб страница |