Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Mancozeb; Metalaxyl;
Име на препарат: RIDOMIL MZ 72-WP

Употреба:

RIDOMIL MZ 72-WP е системичен фунгицид кој содржи две активни материи: металаксил (8%) и манкозеб (64%). Наменет е за сузбивање на племеница пред се кај винова лоза, компир, домат. модар патлиџан и др. Спектар на дејство: Bremia lactucae, Peronospora brassicae, Peronospora destructor, Peronospora manshurica, Peronospora schachtii, Peronospora spinaceum, Peronospora tabacina, Plasmopara halstedii, Plasmopara viticola, Phytophthora capsici, Phytophthora infestans, Pseudoperonospora cubensis и др. Кај виновата лоза се употребува во доза од 0,25 %. Дозволени се до 3 апликации годишно во период кога изданоците се од 5 - 8 cm, па се до после цветање. Кај компир и тутун се препорачува доза од 2,5 kg/ha. Дозволени се до 2 апликации годишно. Кај домат и модар патлиџан дозата изнесува 3,0 kg/ha а дозволени се до 2 апликации годишно.


Предупредување:

Може да се меша со повеќето инсектицид и акарициди.


Каренца:

21 ден за домат, компир, модар патлиџан, трпезни сорти на винова лоза. 28 дена за тутун. 42 дена за вински сорти на винова лоза. Доколку се меша со сулфур каренцата се продолжува за 56 дена.



Добавувач: „ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Скопје / веб страница
Производител: SYNGENTA CROP PROTECTION AG / веб страница