Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Mancozeb; Име на препарат: MANFIL 80 WP |
Употреба: MANFIL 80 WP во својот состав содржи 80% активна материја манкозеб која припаѓа на хемиските соединенија од групата на дитиокарбамати. Се употребува за сузбивање на фузикладиум, пламеница на винова лоза и компир, рѓа и септориоза на стрни жита и др. За сузбивање на пламеница на винова лоза (Plasmopara viticola) максимално дозволената доза изнесува 2 kg/ha. Се третира од појавата на првиот лист до затворање на редовите (BBCH 11 - 79). Дозволени се до две третирања во текот на вегетацијата во интервал од 7 - 10 дена во зависност од количеството на врнежи и растот на зелена маса. Кај јаболката се користи за сузбивање на крставост (Venturia inaequalis). Максимално дозволената доза изнесува 2 kg/ha. Дозволено е само едно третирање на јаболката со MANFIL 80 WP и тоа во периодот од почеток на создавање на плодот па се до зреење (BBCH 51 - 79). За контрола на пламеница (Phytophthora infenstans) кај компирот максимално дозволената доза изнесува до 2 kg/ha (20 g на 100 m2). Дозволени се до 8 третирања во текот на една сезона. Се третира од BBCH 30 па понатаму на секои 7 - 10 дена во зависност од интензитетот на врнежи и растот на зелена маса. Кај доматот исто така се користи за контрола на пламеница (Phytophthora infestans). Максимално дозволената доза изнесува 2 kg/ha. Дозволени се до пет третирања во текот на вегетацијата почнувајќи од фенофаза на развој на четири листа па се до почеток на зреење на плодовите (BBCH 14 - 88). Се третира на секои 7 - 10 дена во зависност од интензитетот на врнежи и развојот на зелена маса. Предупредување: Каренца: За домат на отворено 3 дена; Компир 7 дена; Јаболка и винова лоза 28 дена. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: Indofil Chemicals Company / веб страница |