Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Benalaxyl M; Mancozeb; Име на препарат: GALBEN M |
Употреба: GALBEN M е комбиниран системично - контактен фунгицид кој содржи две активни материи: беналаксил 8% и манкозеб 65%. Кратко време по апликацијата навлегува во растителното ткиво овозможувајќи превентивна заштита како и спречување на напредокот на заразата. Може да се користи за заштита на винова лоза од пламеница (Plasmopara viticola) во концентрација од 0,2 - 0,25% (200 - 250 g на 100 L вода). Во текот на вегетацијата на виновата лоза дозволени се најмногу до три третирања. Кај земјоделските култури може да се користи за сузбивање на пламеница кај домат, пиперка, компир, краставица, диња и лубеница. Кај компирот се препорачува доза од 2 - 2,5 kg/ha (200 - 250 g на 1000 m2) a кај останатите од 2,5 - 3 kg/ha (250 - 300 g на 1000 m2). GALBEN M може да се употребува и за сузбивање на пламеница на салата, кромид и зелка (Peronospora destructor и Peronospora parasitica) во доза од 2 - 2,5 kg/ha (200 - 250 g на 1000 m2). Исто така може да се користи за сузбивање на пламеница на тутун (Peronospora tabacina) и соја (Peronospora manshurica). Препорачаната доза кај тутунот изнесува 2,5 - 3 kg/ha или концентрација од 0,25 - 0,3% односно 250 - 300 g во 100 L вода. Се препорачува една употреба три дена пред расадување. На поле прв пат може да се употреби откако ќе се развие четвртиот лист а потоа во интервал од 14 дена. За сузбивање на пламеница на соја се препорачува доза од 1,5 -2,5 kg/ha пред цветање или во фаза на цветање, по потреба. Предупредување: pH вредност на 5% суспензија изнесува 6,8. Каренца: 14 дена за домат, краставица и компир; 42 дена за вински сорти на винова лоза; 35 дена за столни сорти на винова лоза; 28 дена за тутун ; 49 дена за соја. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: FMC Corporation САД / веб страница |