Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Copper II Hydroxide; Име на препарат: FUNGURAN-OH 50 WP |
Употреба: Препаратот Funguran - OH 50 WP содржи 500 g/kg активна материја бакар од бакарен хидроксид.Тоа е контактен фунгицид кој делува превентивно кон пламеница на комир, домат, винова лоза и повеќе овошни видови. Габите не создаваат резистентнот кон оваа активна материја поради повеќекратниот начин на дејство. Кај компирот се третира во фаза на интензивен пораст на растението (19/21 – 65 BBCH) во доза од 1,5 - 1,75 kg/ha (15 - 17,5 g на 100 m2). Кај вишна и цреша исто така се третира во тек на развој (13/53 BBCH) во концентрација од 0,1 - 0,4%. Кај јаболката може да се користи за сузбивање на чадлива пегавост и краствост на плодовите (Venturia inaequalis) во доза од 2 kg/ha (20 g/100m2) во период од почеток на вегетација до фаза на развој на листовите (00 - 10 BBCH) а во фаза на интензивен раст и цветање (55 - 57 BBCH) во доза од 0,75 kg/ha (7,5 g на 100 m2). За заштита на јaбоко од бактериска пламеница (Erwinia amylovora) се користи концентрација од 0,05 - 0,06% во фаза на интензивен раст и цветање (59 - 60, 65 - 69 BBCH). За заштита на винова лоза од пламеница (Plasmopara viticola) се препорачува концентрација од 0,1 - 0,4% (10 - 40 g на 10 L вода) во фенофаза на интензивен пораст (13/53 - 81 BBCH). Може да се меша со маслени препарати за зимско третирање како и со препарати на база на сулфур. Не треба да се меша со препарати кои имаат кисела реакција (диметоат, дихлорвос, хептенофос). Исклучително е отпорен на испирање. Содржи јон на бакар кој како неопходен елемент на растенијата допринесува за подобра искористеност на азотот и фосфорот и директно влијае на зголемување на приносот. Влијае на рационалната потрошувачка на вода во клетките кај растенијата и зајакнување на клеточните ѕидови што ја зголемува отпорноста на растенијата кон измрзнување. Нема корозивно дејство кон апаратите за апликација. Зимското третирање на јаболчестите овошки со бакарни препарати го намалува потенцијалот од зараза со бактериска пламеница (Erwinia amylovora). Предупредување: Не е дозволена примена од авион. Квалитетната формулација на препартот FUNGURAN - OH, во кој се содржи адхезив (лепак) го прави мошне отпорен на испирање. Каренца: за компир 7 дена; за винова лоза 28 ден. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: SPIESS-URANIA CHEMICALS GmbH / веб страница |