Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Folpet; Fosetyl Al; Iprovalicarb;
Име на препарат: MIKAL PREMIUM F

Употреба:

Mikal Premium F e карбаматен фунгицид кој во својот состав има три активни материи 50% fosetyl Al, 25% folpet и 4% iprovalikarb. Активната материја fosetyl Al има површинско и системично дејство. Дејствува против пламеница на винова лоза, краставица и други видови од фамилјата Cucurbitaceae, салата и хмељ. Не делува на пламеницата на компирот. каренцата на оваа активна материја е 4 дена за краставица, 14 дена за салата главичар (на отворено и во заштетн простор), 21 ден за лубеница, диња, коскести овошни видови и 28 дена за хмељ. Активната материја Folpet успешно ги сузбива најштетните болести кај виновата лоза, овошките и украсните растенија како Alternaria spp., Botrytis cinerea, Phomopsis viticola, Phytophtora infestans, Phytium spp., Plasmopara viticola, Rhizoctonia solani, Taphrina deformans, Venturia inaequalis и др. каренцата изнесува 21 ден за овошките, 35 дена за трпезните сорти и 42 дена за винските сорти на винова лоза. Активната материја iprovalicarb припаѓа на групата амидокарбаматни фунгициди. Го инхибира растот на ртулечните цефки кај зооспорите и спорангиите. Се транспортира од коренот кон врвот на растенијата штитејќи ги и младите листови кои не биле формирани во периодот на прскање. Сузбива пламеница на виновата лоза, компир, домат и тутун. Има изразено превентивно и куративно дејство. Каренцата за домат одгледуван во заштитен простор е 10 дена, 14 дена за компир, лубеница, диња и краставица, 21 ден за домат на отворено и трпезни сорти на винова лоза, 28 дена за тутун и 42 дена за винските сорти на винова лоза.


Предупредување:


Каренца:



Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА” ДООЕЛ, Скопје - Скопје
Производител: BASF / веб страница