Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Dimethomorph; Mancozeb; Име на препарат: ACROBAT MZ WG |
Употреба: ACROBAT MZ WG е фунгицид со комбиниран начин на дејство кој во својот состав содржи две активни мстерии: манкозеб 600 g/kg и диметоморф 90 g/kg. Активната материја манкозеб претставува дитиокарбаматен фунгицид со широк спектар на дејство кој овозможува превентивна заштита на површината на листот. Активната материја диметоморф навлегува во листот, не се испира и овозможува долго и превентивно дејство. Синергетското дејство на овие две материи во препарат ACROBAT MZ WG oвозможува куративно и еридикативно дејство. Наменет е за сузбивање на пламеница кај виновата лоза (Plasmopara viticola) и црна дамкавост (Alternaria solani) во концентрација од 0,25 % (25 g препарат u 10 L вода, односно 250 g препарат во 100 L вода) со потрошувачка на вода од 1000 L/ha. Со цел да се спречи појава на резистентност, фунгицидoт треба да се корист исклучително за превентивна заштитa. Поседува антиспорулантно дејство. Може да се користи и за сузбивање на пламеница на компир (Phytophthora infestans) и концентрична пегавост на компир (Alternaria solani) се препорачува доза од 2 kg/ha (200 g препарат на 1000 m2); За сузбивање на пламеница на краставицата (Pseudoperonоspora cubensis) наменета за киселење (корнишони) не се препорачува бидејки остава резидуи над МДК вредностите. Кај другите видови може да се користи во доза од 2 kg/ha (20 g препарат на 10 m2). За сузбивање на пламеница на тутун (Peronospora tabacina) се користи количество од 2 - 2,5 kg/ha (200 g препарат на 1000 m2). Предупредување: Acrobat® MZ WG не смее да се меша со изразено кисели препарати (etefon, fosetil, diklorvos, heptenofos, dimetoat, propamokarb), маслени препарати и EC препарати кои коагулираат во комбинација со манкозеб. Каренца: компир 14 дена, домат - 3 дена; трпезни сорти винова лоза 28 дена а за вински сорти 42 дена; зелена салата 28 дена. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: BASF AGRO B.V. / веб страница |