Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Cyprodinil; Fludioxonil ; Име на препарат: SWICH 62,5 WG |
Употреба: Фунгицидот Switch 62,5 WG е комбинација од две активни материи: флудиоксонил 250 g/kg и ципродинил 375 g/kg. Наменет е за сузбивање на сивото гниење (Botrytis cinerea) кај виновата лоза, малина, домат и краставица како и за сузбивање на складишни патогени кои предизвикуваат гниење на плодовите во текот на чувањето - сиво гниење (Botrytis cinerea), гниење на плодот (Monilia spp.), антракноза (Colletotrichum spp.), Mucor spp. и Aspergilus spp. За заштита на праската и нектарината се препорачува количество од 0,8 - 1 kg/ha. Се третира 14 дена пред берба. За заштита на јаболката се препорачува апликација во количество од 0,8 - 1 kg/ha. Се третира 3 дена пред берба. За заштита на краставицата исто така се препорачува доза од 0,8 - 1 kg/ha. Се третира во време кога постојат услови за развој на боплеста (во период на цветање, прецветување или формирање на плодови). За заштита на малина се препорачува доза од 0,8 kg/ha. Дозволени се до 3 апликации пред цветање и за време на цветање. Кај доматот препорачаната доза изнесува 0,6 - 0,8 kg/ha. Се третира во време кога постојат услови за развој на боплеста (во период на цветање, прецветување или формирање на плодови). Кај виновата лоза препорачаната доза изнесува 0,6 - 0,8 kg/ha. Се третира од фаза на прецветување па се до фаза на прошарување. Предупредување: Фунгицидот SWICH 62,5 WG обезбедува сигурна заштита од сиво гниење и во најтешки услови. Има долго резидуално дејство. делува и на ниски температури и им ја обезбедува неопходната заштита на растенијата во раните фенофази од нивниот развој дури и на темпертаури од 5 степени целзиусови. SWICH 62,5 WG поседува и куративно дејство 48 часа од настанокот на инфекцијата. Каренца: 28 дена за винова лоза; 14 дена за праска; 7 дена за малина и капина; 3 за јаболка, домат и краставица. |
Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница |