Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Captan;
Име на препарат: MERPAN 80 WDG

Употреба:

MERPAN 80 WDG е превентивен фунгицид со широк спектар на дејство кој во својот состав содржи 80% активна материја каптан. Тоа е контактен фунгицид со превентивно дејство наменет пред се за краставост (Venturia spp.) кај јаболката и крушата во концентрација од 0,2% односно 200 g препарат во 100 L вода. Може да се користи и за сузбивање на краставост кај цитрусните овошни видови, пламеница (Plasmopara spp.) кај цветните украсни видови, сива трулеж (Botrytis cinerea) кај виновата лоза и малината а кај капината во постбербениот период, шупливост на листовите (Cercospora spp.) кај цветните и поледелските култури, кафеава трулеж (Monilia spp.) кај јаболката, крушата и малината, кадравост на листовите (Taphrina deformans) кај праската и бадемот, црна дамкавост (Alternaria spp.) кај зеленчукот и овошките после берба како и зелената мувла (Penicilium spp.) кај јаболката, вишната и крушката, сечење на расадот и полегнување на растенијата (Phytium spp.) кај зеленчукот и поледелските култури.


Предупредување:

Дозволени се до пет третирања во текот на вегетацијат. Не е дозволено мешање со инсектициди кои имаат кисела средина (diklorfos, heptenofos, dimetoat), маслени препарати, калциум полисулфид и бакарни фунгициди. Не е дозволено авиотретирање.


Каренца:

21 ден за јаткасти овошни видови



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: ADAMA MAKHTESHIM Ltd Израел / веб страница