Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Mancozeb;
Име на препарат: GOLDFIX 80 WP

Употреба:

GOLDFIX 80 WP во својот состав содржи 80% манкозеб. Дејствува на тој начин што го блокира метаболизмот на клетките кај фитопатогените габи на неколку различни начини поради што овој препарат треба да се користи за да се избегне појава на резистентност од препарати кои имаат специфичен начин на дејство. GOLDFIX 80 WP има протективно дејство и може да се користи за заштита на цитрусни овошни видови (портокал, лимун, мандарина, грејпфрут, цитрон и сл.) јаболчести овошни видови (јаболко и круша), коскести овошни видови (праска, цреша, кајсија, слива), винова лоза, јагода, маслинка, лук, кромид, домат, модар патлиџан, пиперка, зеленчук (краставица, тиква, диња, лубеница), целер, легуминози (грав, грашок), салата, шеќерна репка, тутун како и орнаметални растенија (гладиола, каранфил, роза и сл.) За заштита на јаболка и круша од краставост (Venturia inaequalis, Venturia pyrina) препрачаната доза изнесува 200 g/ha односно 150 - 200 g на 100 L вода со потрошувачка на вода од 50 - 100 L/ha. Првата употреба треба да се направи со раззеленување на стеблата или во услови на појава на болеста. Дозволени се максимално 4 апликации во текот на сезоната. По истекот на 7 - 10 дена може да се третира со препарати на база на myclobutanil и fenbuconazole. Доколку се врши последователно третирање со GOLDFIX 80 WP временскиот интервал не треба да биде пократок од 14 дена. За заштита на виновата лоза (трпезни и вински сорти) препорачаната доза изнесува 200 g/ha односно 200 g на 100 L вода со потрошувачка на вода од 20 - 100 L/ha. Дозволени се максимално 4 апликации во текот на сезоната во временски интервал од 10 дена. За заштита на морковот од црна дамкавост (Alternaria dauci) препорачаната доза изнесува 200 g/ha односно 200 g на 100 L вода со потрошувачка на вода од 100 L/hа. Дозволени се максимално 4 апликации во интервал од 14 дена почнувајќи од расадничкото производство. За заштита на лукот, кромидот и празот од рѓа (Puccinia alli) се препорачува доза од 250 g/ha односно 200 -250 g на 100 L вода со потрошувачка на вода од 80 - 100 L/hа. Се третира од појавата на вториот лист, најмногу 4 пати во текот на сезоната во временски интервал од 7 дена. За заштота на доматот од пламеница (Phytophthora infestans) и црна дамкавост (Alternaria solani) како и за заштита на пиперката од црна дамкавост (Alternaria solani) и салатата од пламеница (Bremia lactuca) препорачаната доза е 200 g/ha односно 200 g на 100 L вода со потрошувачка на вода од 50 - 100 L/hа. Дозволени се до 5 апликации а кај салатата максимум 4 апликации во текот на вегетацијата во интервал од 7 дена. За заштита на диња, лубеница и тиква се користи доза од 200 g/ha односно 200 g на 100 L вода со потрошувачка на вода од 100 L/hа. Дозволени се максимум 4 апликации во текот на вегетацијата во интервал од 7. За заштита на компир од пламеница (Phytophthora infestans) и црна дамкавост (Alternaria solani) препорачаната доза е 200 g/ha со потрошувачка на вода од 20 - 80 L/ha. Растенијата можат да се заштитуваат од ртење па до крајот на вегетацијата. Дозволени се до 8 апликации во текот на сезоната во временски интервал од 7 дена.


Предупредување:

Не е токсичен за пчели, Може да се комбинира со Indar 5 EW и Systane 6 SC. Доколку се користи GOLDFIX 80 WP да не се врши фолијарна прихрана на растенијата. Формулацијата е стабилна најмалку 2 години од датумот на производство доколку се чува во оригиналното паковање на ладно, суво и добро проветрено место, заштитено од екстремни температури и директна сончева светлина.


Каренца:

Јаболко и круша 28 дена пред берба; Трпезни и вински сорти на винова лоза - 28 дена пред берба; морков - 30 дена пред берба; Кромид, лук и праз - 28 дена пред собирање на реколтата; Домат и пиперка - 3 дена пред берба; Диња, лубеница и тиква - 3 дена пред берба; Зелена салата - 28 дена пред берба; Компир - 7 дена пред собирање на реколтата;



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: NITROFARM S.A / веб страница