Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Benthiavalicarb; Folpet; Име на препарат: VINCARE WG |
Употреба: VINCARE WG e фолијарен фунгицид со висока ефикасност кон патогените од клсата Oomycetes (Phytophthora spp. и Peronospora spp.) кои предизвикуваат пламеници.Формулиран е во вид на водорастворливи гранули (WG). Содржи две активни материи Benthiavaicarb-isopropyl во концентрација од 17.5 g/kg и Folpet во концентрација од 500 g/kg. Активната материја Folpet има широк спектар на дејство и го инхибира клеточното дишење кај патогенот, додека пак активната материја Benthiavalicarb-isopropil ја инхибира биосинтезата на фосфолипиди и има куративно дејство. Взаемното дејство на овие две активни супстанции го намалува ризикот од појава на резистентни соеви од патогените. Се препорачува за сузбивање на пламеница на компир (Phytophthora infenstans) во концентрација од 2 kg/ha; пламеница на домат (Phytophthora infenstans) во концентрација од 2 kg/ha за млади растенија во 300 L вода a подоцна во 550 L вода; пламеница на диња (Pseudoperonospora cubensis) во концентрација од 2 kg/ha (600 L вода на хектар). За ,каранфил и роза , Peronospora sparsa и Peronospora dianthicola). Предупредување: Спаѓа во тртетата категорија на отрови. Каренца: За компир 14 дена а за домат и диња 7 дена. |
Добавувач: ДПТУ "МАГАН - МАК" ДОО - Скопје / веб страница Производител: ADAMA MAKHTESHIM Ltd Израел / веб страница |