Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Cyprodinil; Име на препарат: CHORUS 75 WG |
Употреба: Пестицидот Chorus 79 WG е фунгицид со превентивно и куративно дејство. Содржи активна материја ципродинил која делува на пепелница, краставост и монилија. Треба да применува од фаза на глувчешки уши па се до крај на цветање (BBCH 10 - 79). Ефикасен е и на ниски температури а два часа по апликацијата целосно се апсорбира од растението и нема опасност од испирање. Може да се користи во програмите за интегрална заштита. CHORUS 75 WG е наменет пред се за употреба во овоштарството. Кај јаболко, крушка и диња за сузбивање на краставост во доза од 450 g/ha со потрошувачка на вода од 300 - 1500 L/ha, односно во концентрација од 0,045%. Кај праската, нектарината, кајсија и слива се употребува за сузбивање на палеж на цветот (Мonilinia spp.) во доза од 500 g/ha (концентрација 0,05%) со потрошувачка на вода од 1000 L вода на хектар. Препорачаната потрошувачка на вода изнесува 400 -1500 L/ha. Кај овие култури препаратот Chorus 75WG треба да се применува од почеток на цветање до фаза на опаѓање на листовите (BBCH 62 do BBCH 67) За сузбивање на трулеж на плодот се препорачува употреба од три недели до три дена пред берба во доза од 600 g/ha (концентрација 0,06%) со потрошувачка на вода од 1000 L/ha. Препорачаната потрошувачка на вода изнесува од 600 - 1500 L/ha. Предупредување: Може да се употребува и во складишта. Може да се употреби превентивно и куративно (до 48 часа по остварување на заразата). доколку се употреби два или три пати последователно временската дистанца помеѓу две третирања треба да биде од 8 - 12 дена. Дозволени се до три третирања во сезона кај јаболка, круша и диња. Кај праската, нектарината дистанцата помеѓу две третирања треба да биде од 8 - 10 дена а дозболени се до две третирања во текот на сезоната. Каренца: 35 дена за јаболка, 21 ден за винова лоза, 14 дена за вишна. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: SYNGENTA LIMITED, / веб страница |