Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Mancozeb;
Име на препарат: MANFIL 75 WG

Употреба:

MANFIL 75 WG e контактен фунгицид со превентивно дејство кој содржи 80 % активна материја манкозеб. Наменет е за сузбивање на пламеница кај винова лоза и компир како и чадлива краставост кај јаболка. Дејствува на тој начин што создава заштитен слој на површината на растението со што го отежнува остварувањето на инфекцијата. За сузбивање на чадлива краставост кај јаболка (Venturia inaequalis), пламеница кај винова лоза (Plasmopara viticola) и пламеница кај компир (Phytophthora infestans) се употребува во доза од 2 - 2,5 kg/ha (20 - 25 g препарат на 10 L вода). Кај компирот потошувачката на вода треба да биде од 200 - 400 L/ha a кај виновата лоза и јаболката 1000 L/ha. MANFIL 75 WG треба да се аплицира превнтивно или во раните стадиуми од настанокот на инфекција (обично еден ден по врнежи од дожд) но пред појава на пвите симптоми. Може да се применува во интервал од 8 - 10 дена. MANFIL 75 WG се сврзува со растението два часа по апликацијата.


Предупредување:

Доколку дојде до појава на дожд во рок од два часа по апликацијата на MANFIL 75 WG третманот треба да се повтори. Компатибилен е со препарати на база на бакар: бакар оксихлорид, металаксил - М, цимоксанил, диметоморф, пропамокарб и др. Не треба да се меша со препарати кои имаат алкална реакција како бордовска чорба, сулфурно - варна чорба, препарати на база на пропаргит, инсектициди со кисела реакциј и средства за исхрана на растенијата кои содржат бор. Manfil 80 WP ne treba mešati sa sumporom prilikom poslednjeg tretiranja jer se znatno produžava perzistenost mankozeba Manfil 80 WP se na istoj površini može upotrebiti 3 puta u toku godine.


Каренца:

Јаболко – 21 ден; Компир - 14 дена; трпезни сорти на винова лоза - 21 ден; вински сорти на винова лоза - 42 дена.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: Indofil Chemicals Company / веб страница