Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Metiram;
Име на препарат: POLIRAM DF

Употреба:

POLIRAM DF e контактен фунгицид за сузбивање на болести кај виновата лоза, овошните култури, градинарските култури, украсните растенија и компирот. Polyram® DF кај луковите култури се користи до појавата на првите 2 вистински ливчиња (BBCH 12) за спречување на полегнување на расадот и пламеница (Peronosporaceae) во заштитен простор во доза од 0,2 g/m2 во 40 - 60 ml вода/m2. За сузбивање на габите од родот Pythium кои предизвикуваат полегнување на расадот потребно е третирањето да се направи по сеење, додека пак третирањето за сузбивање на пламеница треба да се направи откако ќе се појават услови за развој на болеста. Дозволени се најмногу до 2 третирања во текот на вегетацијата во период од 10-14 дена. Кај салатата се користи за сузбивање на пламеница (Bremia lactucae) во доза од 1,2 kg/ha (12 g на 100 m2).). Се употребува откако ке се појават поволни услови за развој на болеста па се до формирање на главицата (BBCH 40). Дозволени се до 2 третирања на една иста површина во текот на една година. Апликацијата треба да се обави во временски интервал од 7-10 дена зависно од временските услови и интензитетот на зараза. Кај морковот се користи за сузбивање на пламеница и полегнување на расадот во доза од 0,2 g/m2 во 40 - 60 ml вода/m2. третирањето за пламеница треба да се направи веднаш откако ќе се појават услови за развој на болеставо период од 10-14 дена. Дозволени се до 2 третирања во текот на вегетацијата. Polyram® DF се употребува и за сузбивање на пламеница кај доматот (Phytophthora infestans) во доза од 2 kg/ha (200 g нa 1000 m2). Дозволени се до 5 третирања во текот на вегетацијата во временски периоди од 7-10. Кај пиперкатас е користии за сузбивање на пламеница во доза од 0,2 g/m2 во 40-60 ml вода/m2. Дозволени се најмногу до 2 третирања во текот на вегетацијата во временски пероид од 01 - 14 дена.


Предупредување:

Не треба да се меша со инсектициди кои имаат кисела реакција како дихлорвос, диметоат како и со маслени препарати.


Каренца:

Кај луковите култури, морковот и пиперката каренцата е обезбедена со времето на употреба; Кај зелката изнесува 21 ден; кај доматот 14 дена;



Добавувач: ДОО "ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ" - Велес
Производител: BASF / веб страница