Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Mancozeb;
Име на препарат: PENNCOZEB WG

Употреба:

PENNCOZEB WG е фунгицид кој содржи 75% манкозеб. Се користи за сузбивање на одредени болести кај виновата лоза, овошните култури и градинарските култури. Кај виновата лоза се користи за сузбивање на пламеницата (Plasmopara viticola), црна пегавост (Phomopsis viticola) и црна трулеж (Guignardia bidwellii). PENNCOZEB WG кај виновата лоза се користи во концентрација од 0,2 - 0,21% (0,2-0,21 kg/100 L вода). Препорачаната потрошувачка на вода е од 200 - 1000 L/ha, во зависност од типот и староста на насадот како и од фазата на развој на растенијата. Препорачаниот период помеѓу две третирања треба да биде од 8 - 14 дена во зависност од развојот на болеста. Роковите за третирање против пламница и против појава на црна трулеж главно се поклопуваат и треба да бидат засновани на прогноза на болеста. Во недостаток на прогноза првото третирање против пламница на виновата лоза се обавува кога ќе се појават гроздовите. Дозволени се до 4 третирања во текот на сезоната. За заштита од црната пегавост (Phomopsis viticola) препаратот се користи исто така во концентрација од 0,2-0,21 % (0,2-0,21 kg/100 L вода). Потрошувачката на вода треба да изнесува од 200 - 1000 L/ha, зависно од типот на насадот, староста и фазата на развој на растенијата. Минималниот перод кој треба да помине помеѓу две третирања е од 8 - 14 дена, во зависност од условите за развој на болеста. Третирањето треба да се изврши од почетокот на бабрење на пупките па се до појавата на 2 -3 ливчиња. Максиманиот бој на третирања во текот на вегетацијата е четири. Кај јаболката се користи за сузбивање на чадливата краствост (Venturia inaequalis). Се користи во концентрација од 0,2 - 0,21% (0,2-0,21 kg/100 L вода). Препорачаната потрошувачка на вода е од 500 - 1200 L/ha, во зависност од типот и староста на насадот како и од фазата на развој на растенијата. Препорачаниот период помеѓу две третирања треба да биде од 5 - 14 дена во зависност од условите за развојот на болеста. Третирањето треба да се темели на прогноза на болеста но во недостаток на прогноза првото третирање треба да се обави во фаза на видливо зелено обојување на цветните пупки. Дозволени се до две третирања кај јаболката. Кај компирот се користи за сузбивање на пламеница (Phytophthora infenstans) во количество од 1,8-2,0 kg/ha (180-200 g/1.000 m2), со потрошувањка на вода од 200 - 600 L/ha. Доколку препаратот се користи за последователни третирања, препорачаниот период помеѓу две третирања треба да биде од 7 - 10 дена, во зависност од условите за појава на болеста. Третирањето треба да биде базирано на прогназа за развој на болеста. Во недостаток на прогноза првото третирање треба да се обави во периодот на цветање или пред затворање на редовите или откако ќе бидат забележани првите видливи симптоми. Препаратот може да се употреби кај компирот до два пати во текот на вегетацијата. Кај доматот и модриот патлиџан исто така се користи за сузбивање на пламеница (Phytophthora infestans) во количина 1,8-2,0 kg/ha (180-200 g/1.000 m2), со потрошувачка на вода од 500-800 L/ha за домат и 200 - 800 L/ha за модар патлиџан. Препорачаниот период помеѓу две третирања е од 7-10 дена, а дозволени се до 5 третирања во текот на вегетацијата. Првото третирање обично се обавува по појавата на првите симптоми. Кај морковот може да се употреби за сузбивање на црната дамкавост (Alternaria dauci) во количество од 2,1 kg/ha (210 g/1.000 m2),со потрошувачка на вода од 500-600 L/ha. Препорачаниот период помеѓу две третирања изнесува од 5 - 8 дена во зависност од условите за развој на болеста. Во случај на недостаток на прогноза, првото третирањеа треба да се обави кога листовите ќе достигнат висина од 20-тина cm или по појава на првите симптоми. Дозволениот број на третирања изнесува до четири пати во текот на вегетацијата.


Предупредување:

Средството не треба да се користи во расадничкото производство. Поради заштита на птиците после употребата на PENNCOZEB WG не теба да се наводнува 1 ден. Исто така препаратот не треба да се аплицира доколку се очекуваат врнежи во наредните 2 дена поради можноста од загадување на подземните води. Без разлика на потрошувачката, секогаш треба да се обезбеди рамномерна распределба на сите делови на растението кои се изложени на болеста.


Каренца:

за домат, компир и краствица 14 дена, за јаболчестите и коскестите овошки 21 ден, за тутун 28 дена, 35 дена за трпезните сорти и 42 дена за винските сорти на грозје.



Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница
Производител: Cerexagri BV / веб страница