Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Propineb;
Име на препарат: ANTRACOL WG 70

Употреба:

Препаратот ANTRACOL WG 70 содрши 70% активна материја пропинеб од групата на дитиокарбамати. Наменет е за сузбивање на краставост (Venturia spp.) кај јаболката и крушата во концентрација од 0,2% (20 g нa 10 L вода), односно во количество од 2 kg/ha со потрошувачка на вода од 1000 L/ha. Препаратот ANTRACOL WG 70 кај јаболката и крушата треба да се употребува пред цветање најмногу два пати во текот на вегетацијата. Кај доматот наменет е за сузбивање на пламеница (Phytophthora infestans) и концентрична пегавост (Alternaria solani) во концентрација од 0,3% (30 g на 10 L вода),односно во количество од 3 kg/ha со потрошувачка на вода од 1000 L/ha. Може да се употребува во било која развојна фаза најмногу до четири пати во текот на сезоната. Кај краставицата, лубеницата и дињата се користи за сузбивање на пламеница ((Pseudoperonospora cubensis) и антракноза (Colletotrichum lagenarium) во концентрација од 0,3% (30 g на 10 L вода), односно во количество од 3 kg/ha со потрошувачка на вода од 1000 L/ha. Може да се употребува во било која развојна фаза најмногу до четири пати во текот на сезоната. Кај компирот исто така ја сузбива пламеницата (Phytophthora infestans) и концентричната пегавост (Alternaria solani) во количество од 2,5 kg/ha (25 g нa 100 m2), со потрошувачка на вода од 400 - 600 L/ha. Првото третирање со ANTRACOL WG 70 кај компирот треба да се направи со затворање на редовите. Дозволени се до три апликации во текот на сезоната. Кај виновата лоза ја сузбива пламеницата (Plasmopara viticola) и црната пегавост (Phomopsis viticola) во концентрација од 0,2% (20 g нa 10 L вода), односно во количество од 2 kg/ha со потрошувачка на вода од 1000 L/ha. ANTRACOL WG 70 кај виновата лоза треба да се употребува пред цветање најмногу два пати во текот на вегетацијата.


Предупредување:


Каренца:

7 дена за краставица, диња и лубеница; 14 дена за домат на отворено, компир; 28 дена за домат одгледуван во затворен простор, јаболка и круша; 56 дена за вински и трпезни сорти на винова лоза.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: BAYER - Crop Science AG - Германија / веб страница