Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Copper II Hydroxide;
Име на препарат: CHAMP FORMULA 2FL

Употреба:

Пестицидот CHAMP FORMULA 2FL (фунгицид и бактерицид) претстваува напредна формулација на бакар во вид на бакарен хидроксид (37,5%) со многу мала димензија на честички кои овозможуваат полесно мешање со вода, подолготрајна постојаност на суспензијата и подобра покривност на растенијата со препаратот. Се употребува кај повеќе култури како дрвенести и полски култури, тропски култури, зеленчук, бобичести видови, винова лоза и хмељ. Ефикасно сузбива алги, црна дамкавост (Alternaria spp.), антракнози (Colletrotrichum spp. сл.), бактериска пламеница (Erwinia spp.), бактериска дамкавост (Xanthomonas spp.), бактериски рак (Agrobacterium tumefaciens), црна трулеж на виновата лоза (Guignardia bidwellii), бактериско изумирање на овошките (Pseudomonas syringae pv syringae), кафеаво гниење на плодовите кај коскестите овошни видови (Monilinia spp.), кафеава дамкавост (Cercospora spp.), екскориоза на виновата лоза (Phomopsis viticola), кафеава дамкавост кај морковот (Xanthomonas carotae, Cercospora carotae и Alternaria dauci), Гниење на кореновиот врат кај дрвенестите видови (Phytophtora syringae, Pythium spp, Rizoctonia solani и Fusarium spp.), септориoзи (Septoria spp.), пепелници, пламеници, рѓи како и многу други. Дозата се прилагодува во зависност од културата (100 - 500 ml на 100 L вода).


Предупредување:


Каренца:

48 часа



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: Nufarm GmbH & Co KG / веб страница