Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Folpet;
Име на препарат: FOLPAN 80 WDG

Употреба:

FOLPAN 80 WDG содржи активна материја фолпет (800 g/kg). Се употребува за сузбивање на болести кај вински и трпезни сорти на винова лоза, компир и домат. Кај виновата лоза се користи за сузбивање на антракноза (Gleosporium amelophagum), еутипоза (Eutypa lata), сиво гниење (Botrytis cinerea) и пламеница (Plasmopara viticola). Препорачаната концентрација изнесува 125 g на 100 L вода. За контрола на антракноза, еутипоза и сиво гниење се препорачува интервал на апликација од 7 - 14 дена. За контрола на пламеница првата апликација треба да се направи пред цветање кога големината на изданците е околу 10 cm во интервал од 7 - 10 дена. Во периодот на цветање може да се аплицира само доколку цветањето трае повеќе од две недели и во периодот после цветање може да се аплицира во интервал од 7 - 14 дена во зависност од временските услови. Кја компирот се користи за сузбивање на пламеница (Phytophthora infestans) и црна дамкавост (Alternaria solani) во доза од 1,25 kg/ha.


Предупредување:


Каренца:

21 ден за јаболко, 35 дена за трпезни сорти на винова лоза и 42 дена за вински сорти на винова лоза.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: ADAMA MAKHTESHIM Ltd Израел / веб страница