Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Copper-Sulfate; Cymoxanil; Mancozeb;
Име на препарат: MICEXANIL

Употреба:

Фунгицидот MICEXANIL претставува системичен трансламинаторен фунгицид со висока ефикасност поради својот троен начин на дејство кој се должи на присуството на три активни материи во неговиот состав: 18 % бакарен сулфат, 3,43 % цимоксанил и 11,5% манкозеб. Активната материја цимоксанил припаѓа на групата хемиски соединенија ацетамиди кои делуваат на фитопатогените габи преку инхибиција на синтезата на РНА, инхибиција на синтезата на аминокиселините и липидите како и нарушување на функцијата на полупропустливата мембрана на клетките кај фитопатогените габи и нарушување на процесот на дишење. Активната материја манкозеб припаѓа на хемиските соединенија од групата дитиокарбати кои делуваат преку нарушување на механизмот на дишење и инхибиција на ртењето на спорите кај фитопатогените габи. Комбинацијата од овие три активни материи дава силна ефикасност во сузбивање на пламеници (род Peronospora) кај винова лоза, тутун и домат како и црна дамкавост (Аlternaria spp.) кај доматот. Кај виновата лоза се употребува во концентрација од 200 - 300 g/hl во периодот кога климатските услови се поволни за развој на болеста. Во нормални услови третманот се повторува на 8 до 10 дена. Во услови на дожд се препрачува употреба во рок од 48 часа. Потоа може да се употребат препарати на база на бакар а за заштита од пепелница може да се аплицираат сулфурни препарати помеѓу третманите со MICEXANIL. За заштита на доматот од пламеница одгледуван на отворено се употребува во концентрација од 250 - 300 g/hl а при напад од Alternaria spp. се употребува концентрација 300 -350 g/hl. За заштита на тутунот од пламеница се користи концентрација од 300 - 350 g/hl. Доколку нападот е силен или се работи за осетливи сорти потребно е да се употреби највисоската дозволена концентрација.


Предупредување:

Не треба да се меша со алкални пестициди (бордовска чорба, вар, полисулфурни препарати и др.)


Каренца:

Третманите со MICEXANIL треба да се прекинат 28 дена пред берба.



Добавувач: ДОО ЕУРОФАРМ ИНТЕРНАЦИОНАЛ - Богданци
Производител: Sipcam Italia Spa / веб страница