Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Folpet; Fosetyl Al;
Име на препарат: MIKAL FLASH

Употреба:

MIKAL FLASH претставува системичен и контактен фунгицид кој во својот состав има две активни материи: фосетил-Aл (50 %) и фолпет (25 %). Фосетил - Ал брзо навлегува во растението и се распределува на целата негова површина поради што ги штити и новонастанатите зелени делови. Поради тоа што во својот состав препаратот MIKAL FLASH содржи определено количество на фосфор кој е состевен дел на хлоропластите, растенијата добиваат здрава зелена боја. Поседува специфично дејство, од една страна делува непосредно на фитопатогените габи а дуга страна го поттикнува одбрамбниот механизам на растението. Наменет е за сузбивање на пламеница (Plasmopara viticola) и црна дамкавост (Phomopsis viticola) кај виновата лоза. За сузбивање на пламеница се препорачува концентрација од 0,3 - 0,4 % (300 - 400 g во 100 L на вода) со потрошувачка на вода од од 1000 L/ha. Интервалот на третирање треба да изнесува 14 дена. За сузбивање на црна пегавост се препорачува концентрација од 0,3 % (300 g во 100 L на вода) со потрошувачка на вода од 500 L/ha. Се препорачува првото третирање да се направи на пролет кога пупките се од фаза D до фаза Е (по Багиолини).


Предупредување:

Дозволени се до три третирања во текот на годината.Не треба да се меша со EC формулации на фосфорни инсектициди, бакарни препарати, препарати со алкална средина и фолијарни ѓубрива. Компатибилен е со голем број на средства за заштита на растенијата но пред мешање со било кој друг препарат се препорачува да се направи тест за фитотоксичност со апликација на препаратот на мала површина. Сите препарати на база на фосетил - Ал најпрво треба да се растворат во мало количество на вода а потоа да се додадат на останатиот дел од растворот за да не дојде до негово таложење.


Каренца:

42 дена



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: BAYER - Crop Science AG - Германија / веб страница