Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Mancozeb;
Име на препарат: MANKOZEB 80 WP

Употреба:

MANKOZEB 80 WP е превентивен и контактен фунгицид кој се користи за сузбивање на повеќе болести кај виновата лоза, коскестите и јаболчести овошки, компир, домат, тутун и семенска пченица. Предноста на овој препарат е во тоа што габите не развиваат резистеност кон него. Кај винова лоза се користи за заштита од пламеница (Plasmopara viticola) и црна пегавост (Phomopsis viticola) во концентрација од 0,2 - 0,25 % (200-250 g во 100 L вода). Бројот на третирања кај виновата лоза не е ограничен. Кај коскестите овошки се употребува за сузбивање на сипаница кај вишната и црешата (Blumeriella jaapii) и пламеница на сливата (Polystigma rubrum) во концентрација од 0,2 - 0,25 %. Кај јаболчестите овошки се употребува за заштита од чадлива краставост (Venturia spp) во концентрација од 0,25%. Тутунот го штити од пламеница (Perenospora tabacina) во концентрација од 0,2 - 0,25%. Kaj компирот и доматот се употребува за заштита од пламеница (Phytophthora infenstans) и од црната дамкавост на лисјата (Alternaria solani, Alternaria alternata) во доза од 2 - 2,5 kg/ha (200-250 g во 80 L вода на 1000 m2). Kaj семенската пченицата се користи за заштита од сивата пегавост по листовите (Septoria spp) во доза од 3,5 kg/ha односно 35 g на 100 m2 и од рѓата (Puccinia spp) во доза од 2 kg/ha односно 20 g во на 100 m2 со употреба на вода од 350-500 L/ha односно 3,5-5 L на 100 m2 со третирање во фаза на доцно вретенисување па се до почеток на класење. За истата намена може да се користи и кај меркаптилната пченица со тоа што е дозволено само едно третирање во текот на вегетацијата.


Предупредување:

Кај јаболчестите овошки и доматот може да се користи најмногу три пати во текот на вегетацијата.


Каренца:

14 дена за домат (на отворено и во заштитен простор) и компир; 21 ден за тутун, коскесто и јаткасто овошје и столните сорти на винова лоза; 42 дена за винските сорти на винова лоза и пченица.



Добавувач: ДПУ "АГРИМАТКО" ДООЕЛ, Скопје - Скопје
Производител: AGRIA S.A / веб страница