Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Dimethomorph; Folpet; Име на препарат: FORUM STAR |
Употреба: Forum® Star претставува комбиниран системично - контактен фунгицид кој во својот состав содри две активни материи: диметоморф (113 g/kg) носител на системичното дејство и фолпет (600 g/kg) носител на контактното дејство. Со тоа е намалена можноста од појава на резистентни соеви. Наменет е првенствено за сузбивање на пламеница (Plasmopara viticola) кај трпезните сорти на винова лоза а покажува ефикасност и кон сивoто гниење (Botrytis spp.). Се препорачува за употреба и во интегралната заштита на винова лоза. Препорачаната доза изнесува 1,75 - 2 kg/ha во периодот од почеток до фаза на затрворање на гроздовите. Интервалот на прскање може да биде и до 14 дена. Не е штетен за корисните организми а во комбинација со препаратот Collis дава многу добра заштита од пламеница и од сиво гниење. Предупредување: Дозволено е третирање до два пати во годината. Каренца: 35 дена за трпезни и 42 дена за вински сорти на винова лоза. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: BASF AGRO B.V. / веб страница |