Опис: Заболувањето го предизвикува габата Plasmopara viticola.
Пламеницата заедно со пепелницата е најопасна болест и нај честа болест кај виновата лоза. Може да ги нападне сите делови на лозата но најчесто прави штети на грозјето и листот. Габата презимува во облик на зимски спори на опаднатите листови. Првите пролетни зарази се можни кога ќе се исполнат соодветни временски услови (просечна температура три дена да не падне под 11 степени, во текот на 24 часа да падне барем 10мм воден талог, а големината на листовите да е 2 - 3 цм. Зимските спори на опаднатите листови ртат во пролет во посебни творби макроспорангии, од кои се развиваат зооспори. Ветерот и дождовните капки ги пренесуваат зооспорите на ливчињата на кои ртат. Првите зарази обично се појавуваат во втората половина на мај. Зооспорите ртат низ стомите. По неколку дена можат да се приметат видливи знаци на жолтеникави маслени дамки. Истовремено за ден или два да се појави бела превлака во вид на мувла во која се создаваат летните спори причинители на натамошните зарази. Времето од почетокот на заразата до појава на првите видливи знаци може да изнесува 12 - 15 дена, а кон крајот на јуни 4 - 6 дена. Пламеницата може да ги зафати зрната од гроздот се додека не постигнат големина на зрно грашок 5 - 7 мм и не се покријат со восочен полеп, иако и подоцна е можна зараза преку рачките, каде стомите се сеуште отворени. |
повеќе слики >>
|
|
|