Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Chlorothalonil; Име на препарат: BRAVO 500 SC |
Употреба: Кај кромид се употребува за сузбивање на пламеница (Peronospora destructor) и сива мувла (Botrytis alli), во доза од 1,5-2,0 L/ha; Кај компирот за сузбивање на пламеница (Phytophtora infestans) во доза од 1,5 L/ha (во резистентни врсти) и 2,0 L/ha (во други врсти) и црна дамкавост(Alternaria spp.) во доза 1,5 L/ha. Кај краставица се користи за сузбивање на пламеница (Pseudoperonospora cubensis) и црна дамкавост (Alternaria cucmerina) во доза од 1,5-2,0 L/ha; Диња против: пламеница (Pseudoperonospora cubensis, Sphaerotheca fuligienea) во доза од 0,25%; Јаболко против: краставост (Venturia inequalis), за секундарни инфекции, во доза од 0.25% (2,5 L/ha); Круша против: краставост (Venturia pirina), во доза од 0,15%; Слива, против: црвена дамкавост на лисјата (Polystigna rubrum) и монилија (Monilia laxa), во доза од 0,15%; Праска против: кадравост на лисјата (Taphrina deformans) и монилија (Monilia laxa), во доза од 0,15%; Јагода против: сива мувла (Botrytis cinerea), во доза од 0,25%; Пченица против: комплекс од болести на листот и стеблото: (Erysphe graminis, Septoria tritici, Fusarium spp., Puccinia reconditа, Helminthosporium tritici repens), во доза од 1,5 L/ha; Зимски јачмен против: комплекс од лисни болести: пепелница (Erysphe graminis), мрежеста дамкавост на јачменот (Pyrenophora teres), сива дамкавост (Rhynchosporium secalis), во доза од 1,5 L/ha. Предупредување: Се нанесува превентивно, пред појава на боелста. Интервалот помеѓу третманите треба да биде од 7-12 дена и треба да се прилагоди во зависност од културата, климатските услови и развојот на болеста. Кај јачменот, средството треба да се нанесува до фазата ВВСН 59, додека кај пченицата до фазата ВВСН 69. Каренца: 3 дена за домат, диња и краставица; 7 дена за компир; 14 дена за кромид; 60 дена за праска. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница |