Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Ziram; Име на препарат: DIZIRAM 76 WG |
Употреба: DIZIRAM 76 WG е несистемичен фунгицид со активна материја цирам (760 g/kg) од групата на дитиокарбамати кои го инхибираат дишењето односно го инхибираат дејството на SH ензимите како и ензимите кои содржат бакар кај габите. Позитивна страна на оваа активна материја е што габите не создаваат резистентност. Препаратот се употребува за сузбивање на болести во овоштарството (јаболка, вишна, праска и др.) Кај јаболката се употребува за сузбивање на чадливата краставост (Venturia inaequalis). Превентивно се третира од фаза на отворање на првите листови односно од фаза на бабрење на цветните пупки (BBCH 51) во концентрација од 0,25% ( 25 g во 10 L вода). Кај вишната се употребува за сузбивање на причинителот на шупливост на листовите кај коскестите овошни видови (Stigmina carpophila), превентивно се третира на почетокот на листањето во концентрација од 0,2 % (20 g во 10 L вода). Кај праската се употребува за сузбивање на причинителот на кадравост на листовите (Taphrina deformans). Третирањето може да започне од почеток на фазата на бабрење па се до отворање на папките (03 - 09 BBCH), во концентрација од 0,3 % (30 g во 10 L вода). Потрошувачката на вода треба да изнесува од 600 - 1000 L/ha (6 - 10 L/m2). Предупредување: Дозволени се до три третирања на иста површина во текот на една година. Третирање од авион не е дозволено. Може да се меша со инсектициди и фунгициди кои имаат неутрална реакција но не смее да се меша со инсектициди кои имаат кисела реакција (хептенфос, дихлорвос, малатион и диметоат) како и со фунгициди на база на бакар и маслени формулации. Може да биде фитотоксичен за тутун и растенија од фамилијата Cucurbitaceae. Каренца: 21 ден пред берба за јаболка, вишна и праска. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: TAMINICO N.V / веб страница |