Опис: Симптомите се манифестираат во вид на бројни ситни округли дамки на површината на листот. Дамките во средината се сиви, а по рабовите темнокафени. Во средината на дамките јасно се видливи црни точки. Често доаѓа до спојување на дамките така што заразениот лист најпрво се свиткува, а потоа суши и опаѓа. Првите симптоми се појавуваат на долните постари листови и се шири нагоре кон врвот на растението. Габата презимува во заразените растителни остатоци или на семето. Семето се заразува во текот на собирањето и во времето на доработка. Ширењето на инфекцијата се врши со разнесувањето на спорите од габата во текот на поливањето или со капките од дожд. За спречување се употребува здраво семе, дезинфекција на почвата за производство на расад, уништување на растителните остатоци. За заштита на растенијата во леите и по нивното расадување се употребуваат фунгициди. |
повеќе слики >>
|
|
|