Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Propiconazole;
Име на препарат: TILT 250 EC

Употреба:

TILT 250 EC е системичен протективен и куративен фунгицид кој содржи активна материја пропиконазол во концентрација од 25%. Наменет е за сузбивање на патогени кои го напаѓаат листот, стеблото и класот кај пченицата и јачменот (Blumeria,Septoria,Puccinia,Rhynchosporium) како и за заштита на виновата лоза од пепелница. Делува како инхибитор на биосинтезата на ергостерол. Кога се употребува за заштита од пепелница (Blumeria graminis), рѓа (Puccinia hordei), мрежеста пегавост (Pyrenophora teres), сива пегавост (Rhynchosporium secalis) и сива дамкавост на листот и плевата (Stagonospora nodorum) се препорачува негова употреба напролет кога се создадени услови за зараза, односно од појавата на првите симптоми до почеток на цветање (BBCH 61). Дозволени се до 2 третирања во една сезона. Препорачаната доза изнесува 50 ml препарат на 1000 m2 со потрошувачка на вода од 200 - 300 l/ha. За заштита на виновата лоза од пеплница се препорачува во концентрација од 0,01 - 0,015 % (10 - 15 ml препарат во 100 l вода), исклучиво за превентивна заштита во комбинација со контактен фунгицид. Треба да се користи во периодот кога постојат најпогодни услови за појава на болеста, непосредно пред и непосредно по цветање на виновата лоза.


Предупредување:

Кај пченицата и јачменот дозволени се најмногу до две третирања годишно а кај виновата лоза до три. Не се препорачува во комбинација со контактни хербициди. Авионско третирање е дозволено само на големи површини под услов да е оддалечено најмалку 500 m од населена област и 300 m од реки или други водени површини.


Каренца:

35 дена за житни култури и за винова лоза.



Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница
Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница