Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Propiconazole; Име на препарат: BUMPER 25 EC |
Употреба: Bumper 25 EC содржи активна материја пропиконазол во концентрација од 250 g/L. Тоа е системичен и превентивен фунгицид од групата на триазоли кој сузбива широк спектар на болести предизвикани од патогени од редовите Ascomycetes, Basydiomycetes, Deuteromycetes. Кај пченицата и јачменот може да се користи за сузбивање на пеплница (Erysiphe graminis var. tritici i hordei), рѓа (Puccinia spp.), сива пегавост (Rynchosporium secalis), септориоза (Septoria tritici), кафеава пегавост (Stagonospora nodorum) и мрежеста пегавост (Helminthosporium spp.). На препаратот Bumpe 25 EC може да се додаде од 100 до 140 g карбендазим со што се проширува неговото дејство и кон фузариозите (Fuzarium spp.) и трулеж на приземниот дел од стеблото (Pseudocercosporella herpotrichoides). Кога се употребува оваа комбинација каренцата треба да се продолжи на 42 дена. Кај виновата лоза може да се користи за сузбивање на пепелница (Uncinula necator) исклучиво за превентивна заштита во комбинација со контактни фунгициди на база на сулфур. Bumper 25 EC треба да се користи непосредно пред и непосредно по цветање на виновата лоза кога и можностите за настанување на инфекција се најголеми. Не се препорачува негова самостојна употреба за време на вегетација. Може да се користи и кај украсните растенија за сузбивање на рѓа (Puccinia spp.) и септориоза (Septoria spp.). За таа цел може да се употреби во почетната фаза од појавата на болеста. Bumper 25 EC делува на тој начин што ја инхибира биосинтезата на ергостерол. растението брзо го апсорбира (околу 1 час по употребата) и преку ксилемот го транслоцира во горните делови на ратението. Има превентивно, куративно и еридикативно системично дејство. Го спречува развојот на болеста во стадиум на инокулација и ја спречува спорулацијата кај габите. кај пченицата и јачменот препорачаната доза изнесува 0,5 l/ha (50 ml во 30-60 l вода нa 1000 m²), при третирање на почва 0,7 l вода на ha а при авиотретирање со намалку 50 l/ha вода. Кај виновата лоза се препорачува концентрација од 0,01 % - 0,015 % (10-15 ml препарат во 100 l вода). Кај пченицата и јаменот може да се користи до 2 пати годишно на иста површина. Првото третирање треба да се направи кон крајот на братење. Кај виновата лоза дозволени се до три третирања во текот на вегетацијата. Авионското третирање е дозволено само за многу големи површини на жито и тоа доколку површините се оддалечени најмаку 500 од населените места и 300 m од површински води. Предупредување: Bumper 25 EC е компатибилен со поголемиот број на препарти. Доколку саканата кобинација не е претходно употребувана се препорачува тест за компатибилност на мала површина. Не се препорачува мешање со контакни хербициди. Пред фенофаза 31 да не се меша со ѓубрива. Каренца: 35 дена за житарици и винова лоза. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: ADAMA MAKHTESHIM Ltd Израел / веб страница |