Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Tebuconazole;
Име на препарат: FOLIKUR EW 250

Употреба:

Препаратот Folicur® EW 250 е фунгицид кој содржи активна матѕерија тебуконазол 250 g/L. Наменет е за субивање на пеплница на виновата лоза и болести на житата, маслодајната репка и сончогледот. Освен директното дејство што го има кон патогените Folicur® EW 250 делува и како регулатор на пораст. Маслодајната репка која биле третирана со Folicur® EW 250 на есен, подобро презимува и дава подобар принос наредната година. За сузбивање на пеплница (Blumeria graminis) и сива пегавост (Septoria spp.) кај пченицата се препорачува доза од 0,75 - 1 L/ha (7,5 - 10 ml/100 m²) при што се намалува и интензитето на зараза од Fusarium spp. Кај јачменот може да се користи за сузбивање на пепелница (Blumeria graminis), мрежеста дамкавост на листот (Pyrenophora teres) и сива пегавост (Rhynchosporium secalis) во доза од 1 - 1,5 L/ha (10 - 15 ml/100 m²). За сузбивање на рѓа (Puccinia spp.) кај пченица и јачмен се препорачува доза од 0,5 L/ha (5 ml/100 m²) при што исто така се намалува интензитетот на зараза од Fusarium spp. за заштита на рж од рѓа (Puccinia spp.), сива пегавост (Rhynchosporium secalis) и пеплница како и за заштита на овес од рѓа (Puccinia spp.), сива пегавост (Rhynchosporium secalis), пеплница и септориоза (Septoria avenae) се препорачува доза од 0,5 L/ha (5 ml/100 m²). Кај сончогледот за заштита од бела трулеж (Sclerotinia sclerotiorum) и сиво гниење (Botrytis cinerea) се препорачува доза од 1,5 l/ha (15 ml/100 m²). Дозволени се до 2 третирања и тоа првото во периодот на бутонизација а второто во првата половина на цветање. За заштита на сончогледот од рѓа (Puccinia helianthi) препорачаната доза изнесува 0,5 l/ha (5 ml/100 m²) исто така два пати во периодот на бутонизација и во првата половина на цветање. За заштита на виновата лоза од пеплница (Uncinula necator syn. Erysiphe necator) се препорачува концентрација од 0,03 % (30 ml нa 100 L вода). Кај маслодајната репка може да се користи за сузбивање на бела трулеж (Sclerotinia sclerotiorum), сиво гниење (Botrytis cinerea) и концентрична дамкавост (Alternaria spp.) на есен во доза од 0,5 - 1 L/ha. Употребената доза зависи од фенофазата на развој односно од бројот на ливчиња и бујноста. Со 0,5 L/ha се третира кога има развиено од 5 - 7 ливчиња а со секое наредно ливче дозата се зголемува за 0,1 L/ha. Вториот третман со Folikur EW 250 кај маслодајната репка треба да се обави на пролет кога растението е со висина од 50 cm со доза од 1L/ha. Кај белиот лук се употребува за заштита од бела трулеж (Sclerotinia sclerotiorum), сиво гниење (Botrytis cinerea) и (Cladosporium spp.) во доза од 2 L/ha веднаш по сеидбата со пркање на почвата или со залевање. За заштита од рѓа (Puccinia allii) или стемфилиум (Stemphylium) се препорачува доза од 1 L/ha, фолијарно со прскање. Може да се примени до два пати во текот на вегетацијата во интервал од 21 ден. За заштита на кромидот од бела трулеж (Sclerotinia sclerotiorum), сиво гниење (Botrytis cinerea), (Cladosporium spp.) и рѓа (Puccinia allii) се препорачува доза од 2 L/ha веднаш по сеидбата со пркање на почвата или со залевање. Кај малината и кај капината може да се употреби за заштита од сушење на изданците (Leptosphaeria coniothyrium) во доза од 0,8 L/ha за малина и 1 - 1,5 l/ha (10 - 15 ml/100 m²) за капина со потрошувачка на вода од 1000 L/ha во периодот кога ќе се забележат првите симптоми. И кај двете култури дозволени се до 3 апликации во интервал од 10 дена.


Предупредување:

Дозволени се до 2 апликации кај житни култури, лук, маслодајна репка, сончоглед и винова лоза.


Каренца:

работна каренца 24 часа. 42 дена за житни култури, сончоглед, винова лоза. 56 дена за маслодајна репка. 21 ден за бел лук. 14 дена за малина и капина. Каренцата за кромидот е обезбедена со времето на употреба.



Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА“ - Скопје - Скопје
Производител: BAYER – Crop Science AG / веб страница