Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Tebuconazole;
Име на препарат: RIZA 250 EW

Употреба:

RIZA 250 EW е системичен фунгицид од групата на триазоли со превентивно, куративно и еридикативно десјтво. Се употребува кај јаболка за сузбивање на пепелница (Podosphera leucotricha) и вентурија (Venturia inaequalis) во концентрација од 0,03%. Во лозови насади се користи за сузбивање на пепелница (Unicinula necator) во концентрација од 0,03 - 0,04%. Во комбинација со диклофлуанид сузбива сива трулеж (Botrytis cinerea), пламеница (Plasmopara viticola) и пепелница (Uncinela necator) кај виновата лоза. Кај виновата лоза дозволени се до три третирања. Кај пченица се користи за сузбивање на пепелница (Erysiphae graminis),рѓа (Puccinia spp), септориоза на листот и класот (Septoria spp), сива дамкавост (Rhynchosporium secalis), лентичавост (Pyrenophora teres) како и фузариози (Fusarium spp) во доза од 0,5 -1 l/ha. Во насади на вишна се употребува за сузбивање на сивата трулеж (Monilinia laxa), во доза од 0,75 l/ha. Може да се користи во насади на праска и кајсија 7 - 14 дена пред берба, за заштита на плодовите од Monilina spp и Penicillium spp. Во насади на домат може да се користи до прва берба за заштита од Alternaria solani - причинител на црна пегавост во концентрација од 0,075%. Може да се користи и за третирање на семе кај житните култури против пепелница (Erysiphe graminis), рѓи (Puccinia spp.), сива дамкавост (Rhynchosporium secalis), септориози (Septoria nodorum, Septoria tritici) и др.


Предупредување:

Кај слива и цреша треба да се третира само во текот на цветање. Во комбинација со диклофлуанид сузбива сива трулеж (Botrytis cinerea), пламеница (Plasmopara viticola) и пепелница (Uncinela necator) кај виновата лоза.


Каренца:

7 дена за вишна и цреша ; 14 дена за праска и нектарина; 15 дена за слива; 21 ден за лубеница, диња, краставица, пиперка, домат; 28 дена кај јаболка; 42 дена за житарици и винова лоза; 56 дена за маслодајна репка и сочоглед.



Добавувач: ДПУ "АГРИМАТКО" ДООЕЛ, Скопје - Скопје
Производител: CHEMINOVA A/G / веб страница