Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Tebuconazole;
Име на препарат: FOLIKUR EW 250

Употреба:

Препаратот Folicur® EW 250 содржи активна материја тебуконазол (250 g/L) од класата на триазоли кои делуваат како деметилациони инхибитори (DMI) на биосинтезата на стерол кај габите. Folicur® EW 250 е фунгицид со широк спектар на системично дејство кој може да се користи за фолијарно третирање или за третирање на семе. Главно се користи за сузбивање на црна дамкавост (Alternaria spp.), фузариози (Fusarium spp.), дамкавост предизвикана од Helminthosporium spp., сиво гниење кај овошните видови (Monilia spp.), септориоза ( Septoria spp. и Мycosphaerella spp.), пепелници (Erysiphae spp.), рѓи (Puccinia spp.), чадлива краставост (Venturia spp.) и др.и тоа кај житните култури, јаболко, круша, праска, цреша, банана, компир, домат, грав, грашок, лук и кромид. За сузбивање на болести кај житните култури, компир, домат, лук, кромид, грав и грашок се препорачува доза од 12 - 16 g на 20 L вода. Кај јаболката, крушата, кајсијата и црешата препорачаната концентрација изнесува 10 - 15 g на 20 L вода. За заштита на бананата и праската треба да се употреби 8 g препарат за 20 L вода. Препорачаната потрошувачка на вода за фолијарно третирање изнесува 600 - 800 L/ha во зависност од големината на растението.


Предупредување:


Каренца:

За јаболко, круша, грав, лук и кромид катенцата изнесува 14 дена; За Пченица и јачмен 30 - 35 дена; Компир 30 дена; Праска, цреша, кајсија и домат 7 дена а за банана 1 - 3 дена;



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: BAYER - Crop Science AG - Германија / веб страница