Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Tebuconazole;
Име на препарат: AKORD

Употреба:

Препаратот AKORD WG е системичен фунгицид со протективно, куративно и ерадикативно дејство, кој содржи 250 g/kg тебуконазол. Се користи за сузбивање на пепелница на виновата лоза (Uncinula necator). Третирањето се врши превентивно, пред стекнување услови за остварување на заразе, почнувајќи од фазата на 3 листа (13 BBCН) во количество од 0,4 kg/ha (4 g на 100 m2); Кај вишната и сливата се користи за сузбивање на кафеавата трулеж (Monilia laxa). Доколку се третира еднаш тоа треба да се изведе од почеток на цветање (61-63 BBCH). Доколку се третира два пати се третира од фаза на бели пупки (59 BBCH) до фаза на полно цветање (65/67 BBCH). Количеството на примене изнесува 0,75 kg/ha (7,5 g на 100 m2); Кај доматот за сузбивање на црна пегавост (Alternaria solani) се третира превентивно во фаза од 19-71 по BBCH скалата. превентивно во количество од 0,75 kg/ha (7,5 g на 100 m2). Потрошувачката на вода се препорачува од 200 – 400 L/ha (2 – 4 L на 100 m2) за домат. За вишна, слива и винова лоза се користи потрошувачка на вода од 1000 L/ha (10 L на 100 m2).


Предупредување:

Максималниот број на третирања во текот на годината не треба да надминува три пати на една иста површина за вишна, слива, домат и винова лоза. Да се третира најмалку 20 m оддалеченост од водени површини. Препаратот не е фитотоксичан, доколку се употребува според упатството за употреба од производителот.


Каренца:

21 дан за винова лоза, вишна, слива и домат.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: GALENIKA-FITOFARMACIJA a.d. / веб страница