Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Tebuconazole; Trifloxystrobin; Име на препарат: FLINT MAX |
Употреба: Препаратот FLINT MAX во својот состав има две активни материи: 50% Tebuconazole и 25% Trifloxystrobin. Активната материја тебуконазол припаѓа на хемиските соединенија од групата триазоли а активната материја трифлоксистробин на групата стробилурини. Овие две активни материи му овозможуваат на препаратот да поседува мезосистемично и системично дејство. Се користи за контрола на пепелница кај вински и трпезни сорти на винова лоза. За заштита на трпезни сорти винова лоза се користи доза од 80 - 240 g/ha на 100 L вода во интервал од 10 - 14 дена. Првата апликација треба да се направи кога изданците се во должина од 2 - 5 cm па се до периодот кога зрната се со големина на грашок. За заштита на винските сорти винова лоза препаратот FLINT MAX може да се употребува во интервал од 10 - 14 дена или пак во интервал од 18 - 21 ден. Кога се употребува во интервал од 10 - 14 дена, дозволени се најмногу 3 апликации во текот на вегетација во доза од 48 - 240 g/ha на 100 L вода. Кога препаратот се употребува во интервал од 18 - 21 ден, дозволени се најмногу две апликации во текот на вегетацијата во доза од 72 - 360 g/ha на 100 L вода. Кога FLINT MAX се употребува со апликација на голем воулмен од течност (High Volum Application) во периодот од големина на изданците од 2 - 5 cm па се до периодот пред цветање препорачаната доза изнесува 300 - 750 L/ha за винските и од 500 - 1000 L/ha за трпезните сорти на винова лоза. Кога препаратот се користи во периодот од цветање па се до големина на зрната во вид на грашок препорачаната доза е од 750 - 1000 L/ha за вински и од 1000 - 1500 L/ha за трпезни сорти. И кога зрната се поголеми од зрна на грашок препаратот може да се користи само кај винските сорти во доза од 1000 - 1500 L/ha. Предупредување: FLINT MAX е компатибилен со препаратите Scala и Teldor 500 SC од палетата на Bayer кои исто така се употребуваат во заштита на виновата лоза. Доколку се забележи појава на резистентност се препорачува употреба на фунгициди кои се инхибитори на квинон (QoI fungicides) како што се фунгициди од групата на стробилурини, фенамидон или фамоксидон. Од групата на стробилурини може да се употребат пестициди на база на азоксистробин, трифлоксистробин, пираклостробин и фамоксадон. Каренца: |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: BAYER - Crop Science AG - Германија / веб страница |