Опис: Болест која ја предизвикува паразитната габа Allternaria solani. Штетите предизвикани од оваа габа се поголеми доколку се нападнати помладите растенија. Првите зарази настануваат многу рано, во местото каде што се сее или при пикирањето, во текот на произвотство на расад. Симптоми се јавуваат на листовите каде се развиваат тркалезни црни дамки, кои при масовни зарази можат да бидат многубројни и да предизвикуваат прегорување на листовите. Дамките можат да се појават и по целото стебло Во есен таа се развива и на плодовите, кај кои причинува црни тркалезни дамки, посебно околу чашичката. Дамките се вдлабнати, тука се развиваат и други сапрофитни микроорганизми, што доведува до црно гниење на плодовите. Габата се развива при температура од 8 до 32 C и релативна влажност на воздухот над 90%. Болеста се развива при наизменично суво и влажно време. Паразитот се пренесува преку заразено семе. За спречување се препорачува дезинфекција на почвата за производство на расад, плодоред, уништување и длабоко заорување на растителните остатоци, хемиска заштита се изведува со фунгициди. Раната зараза најдобро е да се спречи со производство на здрав расад. Затоа семето е најдобро да се дезинфицира со соодветен фунгицид, да се изврши дезинфекција на леите за производство на расад. |