Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Azoxystrobin;
Име на препарат: QUADRIS

Употреба:

QUADRIS е фунгицид кој во својот состав содржи активна материја азоксистробин. Се употребува за сузбивање на повеќе патогени како што е причинителот на рѓа (Puccinia spp.), антракноза (Colletotrichum graminicola), сива дамкавост на пченката (Cercospora zeae-maydis), кафеава дамкавост на пченка, компир, соја и зеленчук (Cochiliobolus carbonum, Cochliobolus heterostrophus). Поседува системична активност движејќи се преку ксилемот. Се препорачува да се употребува превентивно во раните стадиуми од развојот на пченката (V-4 до V-8) иако неговото куративно дејство може да се исползува и во R1 стадиум од развојот на пченката. За употреба во раните фази се препорачува во концентрација од минимум 170 ml/ha. За сузбивање на рѓа во концентрација ид 170 - 250 ml/ha а за сузбивање на антракноза од 170 - 440 ml/ha. За заштита на морковот од пламеница, пепелница, бела мувла, и лисна дамкавост се препорачува доза од 250 - 440 ml/ha превентивно. Може да се продолжи со апликација на секои 7 - 14 дена во текот на сезоната. Апликацијата може да биде направена почвено или фолијарно или со фумигација во затворен простор. За сузбивање на почвени патогени се препорачува доза од 11 - 22 ml/ha. Kaj житните култури (јачмен, рж и овес) се користи за сузбивање на кафеава дамкавост (Cochliobolus sativus) и фузариум (Fusarium spp.) во концентрација од 170 - 340 ml/ha а за сузбивање на мрежеста дамкавост (Pyrenophora teres) во концентрација од 340 ml/ha. Кај пченица и тритикале се користи за сузбивање на рѓа (Puccinia spp.), септориоза (Septoria spp.) и кафеава дамкавост (Pyrenophora tritici-repentis) во концентрација од 120 до 350 ml на хектар. За заштита од пепелница (Erysiphae graminis) се препорачува доза од 220 - 320 ml на хектар. За повеќе информации погледнете во дополнителен документ.


Доза и концентрација по култури:




Предупредување:

Може да се меша со пестициди на база на глифосат, Callisto, Callisto Xtra, или Halex GT. Да не се употребува повеќе од два пати во сезоната. Активната материја азоксистробин може да биде фитотоксична за некои сорти на јаболка дури и во многу ниски концентрации. Затоа треба претпазливо да се ракува со овој пестицид.


Каренца:

за житни култури 7 дена, за морков каренцата е обезбедена со времето на употреба,



Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница
Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница