Име на болест: Пламеница - Phytophtora infenstans
Култура: КОМПИР
Опис: Болес која ја предизвикува паразитната габа Phytophtora infenstans. Симптомите на болеста се појавуваат на листовите, лисните дршки и кртоли. На листовите се развиваат жолтозелени или темнозелени пеги, кои брзо стануваат темнокафени. На рабовите на пегите на преодот помеѓу болното и здравото ткиво на долната страна на листот се развива бела превлака. Тоа претставуваат спороносни органи на паразитот. Превлаката особено добро се гледа на влажно време или наутро. Дамките се шират и растението се суши. На кртолите болеста ја препознаваме по поголеми или помали оловносиви вдлабнати дамки. На пресек на кртолата низ дамката месото е со темна боја. Болеста се пренесува со заразени кртоли. Презимува во кртолите во складиштата и кртоли кои остануваат во почвата по вадење на компирот. Габата поднесува температура до 0 степени. Од заразената кртолка изникнува растение на кое се формираат спорангии кои се пренесуваат со ветерот и дождовните капки. Првите жаришта се јавуваат на раните сорти компир. Оптимални услови за развој на габата е кога релативната влажност е над 90 %, а температурата на воздухот од 18 - 23 степени. Инкубацијата трае 3 - 5 дена.



повеќе слики >>

Препарати

QUADRIS

CHAMP FORMULA 2FL

FUNGURAN-OH 50 WP

ACROBAT MZ WG

BAKAREN DITHANE

DITHANE NEOTEC

DITHANE NEOTECH

ELECTIS 75 WG

FANTIC M WG

GALBEN M

GALBEN M

GOLDFIX 80 WP

MANFIL 75 WG

MANFIL 80 WP

MANKOGAL 80

MANKOZEB 80 WP

MANKOZEB R

MANKOZEB R GOLD

MICEXANIL

PENNCOZEB WG

PRIMAT 80 WP

PROFILUX

RIDOMIL MZ 72-WP

RIDOSAN 72 WP

CABRIO TOP

ENERVIN

POLIRAM DF

ANTRACOL COMBI

ANTRACOL CU

ANTRACOL WG 70

ZUPINEB S-70

BRAVO 500 SC

DIZIRAM 76 WG