Име на болест: Пламеница - Phytophthora infenstans
Култура: ДОМАТИ
Опис: Пламеницата ги напаѓа листовите, стеблото и плодовите. По листовите се развиваат крупни воденести дамки. При поволни услови на овие дамки се јавува белузлава растресита навлака од конидиофори со конидии од габата. Набргу потоа, ткивото во дамките некрозира и станува кафеаво, а листовите прегоруваат. По стеблото се развиваат крупни, најчесто тркалезни дамки, во почетокот воденести, а потоа кафеави по бочните ветки. Дамките прстенесто ги опфаќаат и деловите над нив венат, се сушат. Карактеристични симптоми се јавуваат кај зелените плодови. Зафатеното ткиво од паразитот е обоено кафеаво, тврдо и прекриено од растресита белкаста навлака составена од мицелија и нејзини спороносни органи. Некрозата се шири брзо и за неколку дена го зафаќа целиот плод, кој изгледа како да е мумифициран. Болните плодови лесно отпаѓаат. При поволни услови, пламеницата кај доматот се шири брзо и за кратко време растенијата прегоруваат. Оптимална температура  е 17 - 210C, температурата над 300C го спречува развојот, но не ја убива. Времетраењето на високата релативна влажност на воздухот и слободната вода по површината на листовите го одредуваат развојот на болеста во посевите. Пламеницата може успешно да се уништува преку една комбинација од санитарни мерки, отпорни сорти и навремена хемиска заштита.



повеќе слики >>

Препарати

QUADRIS

CHAMP FORMULA 2FL

FUNGURAN-OH 50 WP

ACROBAT MZ WG

BAKAREN DITHANE

DITHANE NEOTEC

DITHANE NEOTECH

ELECTIS 75 WG

FANTIC M WG

GALBEN M

GALBEN M

GOLDFIX 80 WP

MANFIL 75 WG

MANFIL 80 WP

MANKOGAL 80

MANKOZEB 80 WP

MANKOZEB R

MANKOZEB R GOLD

MICEXANIL

PENNCOZEB WG

PRIMAT 80 WP

PROFILUX

RIDOMIL MZ 72-WP

RIDOSAN 72 WP

CABRIO TOP

ENERVIN

POLIRAM DF

ANTRACOL COMBI

ANTRACOL CU

ANTRACOL WG 70

ZUPINEB S-70

BRAVO 500 SC

DIZIRAM 76 WG