Опис: Заболувањето го предизвикува габата Pseudopeziza tracheiphila.
Болеста се јавува пред пламеницата и затоа знае да ги изненади одгледувачите. Рано во пролет од отпаднатите листови избиваат посебни спори, кои ветерот и дождовите ги пренесуваат на ливчињата каде ртат. Габата во листот расте во спроводните садови и спречува проток на соковите. Заради недостаток на вода нападнатото ткиво меѓу нервите се суши и опаѓа. Се појавуваат забележителни дамки оивичени со нервите. Штетата се појавува посредно, поради намалена лисна површина во време на бујниот пораст на лозата пред цветање. |
повеќе слики >>
|
|
|