Опис: Првите симптоми се забележуваат во вид на осветлување на нерватурата кај младите листови, што е проследено со нивно свиткување кон опачината. Листовите венат, се сушат и опаѓаат. Заразените растенија покажуваат симптоми на жолтеење на долните листови, некроза на спроводниот систем, заостанување во порастот и овенување кое завршува со изумирање на целото растение. Најголеми штети и најтипични симптоми се забележуваат во фазата на формирање на првите плодови, тогаш растенијата нагло венат. Во основата на стеблото се забележува кафеавo гниење. Карактеристична е за реони со топла и влажна клима. Може да нанесе значителни штети во затворени простории. Габата поготово неограничено опстојува во заразените растителни остатоци во почвата, од каде што се разнесува на помали растојанија со водата или алатот, а на поголемо растојание со контаминиран супстрат или расад. За производството на расад и за одгледување на домат во оранжерии и пластеници, да се изведува дезинфекција на почвата. Одгледување на отпорни сорти е единствена сигурна мерка за заштита. |
повеќе слики >>
|
|
|